28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов туристички хит: Медицински туризам

Нов туристички хит: Медицински туризам

medical-tourism

Медицинскиот туризам бележи голем раст изминатите години, а бројот на Британците, кои патуваат во странство за да извршат некоја медицинска процедура двојно е зголемен во изминатите две години.

Можноста за поевтини процедури е главна причина поради што се поголем број луѓе се одлучуваат на медицински и естетски зафати во странство.

Меѓутоа жителите на Велика Британија не патуваат во странство само заради козметички и медицински третмани, туку се повеќе луѓе патуваат во странските земји за да се справат со проблемите со плодноста.

Дури и со патот и сместувањето, крајната сметка е значително пониска од онаа, која многумина би ја платиле доколку посетат приватна клиника во Велика Британија.

На пример Тајланд се покажа како идеална дестинација за сите заболекарски зафати, а побарувачката на ваквите услуги се зголемила за 320 проценти изминатата година.

Унгарија со голема брзина станува популарна кога се во прашање естетските зафати на забите.

Оваа земја забележа пораст од 172 отсто во побарувачката на забни импланти.

Источна Европа има најголем број дестинации кога станува збор за естетската хирургија.

Чешка забележа пораст од 304 отсто кога станува збор за операција на носот. Сите оние кои размислуваат за вештачки гради се упатуваат во Полска, каде бројот на барања за овие зафати се зголемил за 57 отсто.

– Ширум светот постојат и фантастички хирурзи, но поединечните прашања не се подеднакво регулирани во секоја земја, така да можат да постојат драстични разлики кога се во прашање стандардите. Распрашајте се за грижата по операцијата, доколку нешто тргне наопаку за да не морате повторно да се враќате во таа земја, изјави Кејлин Кинг, директорка на сајтот WhatClinic, кој ги објави резултатите.

Следуваат некои од најпопуларните дестинации за медицински туризам:

1. Забни протези – Тајланд
2. Операција на носот – Чешка
3. Ин Витро оплодување – Чешка
4. Забни импланти – Унгарија
5. Подигнување на задникот – Турција
6. Липосукција – Белгија
7. Трансплантација на коса – Турција
8. Вештачки гради – Полска
9. Донатори на јајце клекти – Грција
10. Лекување на каналите на коренот – Бугарија
11. Врзување на желудникот – Ирска
12. Желудочен балон – Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП