21 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурски инвеститор заинтересиран да отвори фабрика за сапун во Неготинско

Турски инвеститор заинтересиран да отвори фабрика за сапун во Неготинско

Sapun

Турски инвеститор е заинтересиран во Неготино да отвори фабрика за производство на сапун, a потоа и за производство на машини кои би биле во функција на целиот проект.

Како што се наведува во информацијата на официјалната веб-страница на општина Неготино за таа цел денеска сопственикот на фабриката „КМС“ од Турција Хусеин Кучук оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

– На средбата тој го информираше градоначалникот дека неговата фирма има фабрики за производство на сапуни во вкупно 17 држави во светот, а сега сака ваква фабрика да отвори и во Неготино-стои во информацијата, се вели во информацијата.

Кучук истакнал дека машините во Ајдин се подготвени за транспорт во Македонија и веднаш по наоѓањето на соодветна локација за отворање на фабриката, таа би започнала со производство.

– Градоначалникот го запозна гостинот дека во градот има 2-3 постоечки празни капацитети кои инвеститорот би можел да ги искористи за старт на производството, а му ја презентираше и можноста за купување градежни парцели во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови.

Двајцата соговорници се согласија дека Неготино има одлична местоположба, транспортна поврзаност со Балканот и Европа и токму затоа турскиот бизнисмен се одлучил да инвестира во отворање фабрика за производство на сапун во Неготино, се посочува во информацијата од општина Неготино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар