3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ трет пат ја тужи Русија во СТО

ЕУ трет пат ја тужи Русија во СТО

World-Trade-Organization

Европската унија поднесе трета тужба во Светската трговска организација – СТО против Русија поради анти-дампинг увозната царина на лесни комерцијални возила од Германија и Италија.

Како што се наведува во соопштението на делегацијата на ЕУ, таквите анти-дампинг царини се во спротивност на правилата на СТО.

Според постоечките правила на СТО, страните ќе имаат 60 дена за консултации, после кои, ако прашањето не биде решено, Брисел има право да побара формирање на експертска група.

Ова е третата тужба која ЕУ ја поднесе во СТО против Русија, од кога оваа земја е примена во оваа организација во август 2012 година.

Првата тужба беше поднесена минатата година поради воведување на такси за користење на автомобили од странско производство, а на почетокот на април ЕУ ја поднесе и втората тужба против Русија во врска со забраната за увозот на свинско месо од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП