9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството

Истекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството

zemjodelstvo222

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај годинава, а од ресорното министерство апелираат сите кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

„Стриктното почитување на рокот на поднесување барање за финансиска поддршка треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината, кој е усогласен со типот на земјоделското производство“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП