6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го симна Apple од тронот на најскап бренд

Google го симна Apple од тронот на најскап бренд

apple_vs_google_the_smartphone_smackdown

Стоте најскапи брендови во светот во овогодинешното рангирање на „BrandZ Top 100 Most Valuable Global Brands“ на агенцијата „Millward Brown“ се оценуваат на вкупно 2.900 милијарди долари. Нивната вкупна вредност речиси е двојно поголема во споредба со првиот рејтинг, кој беше направен во 2006-та година.

Нивната вредност во моментов исто така е за 49% поголема во споредба со 2008-та година, кога започна економската криза. Во овогодинешната листа на 100-те најскапи брендови во светот „Google“ ја превзема првата позиција од „Apple“, кој три години по ред ја предводеше во ова рангирање.

Вредноста на брендот „Google“ се зголеми за 40% во последната година и достигна 159 милијарди долари. „Apple“ го зазема второто место по 20-процентен пад на вредноста на брендот или на 148 милијарди долари, додека вредноста на нејзиниот конкурент – „Samsung“, се зголеми за 21 % до 25,9 милијарди долари. Водечката светска марка „IBM“ го задржува третото место во рангирањето со вредност на брендот кој се проценува на 108 милијарди долари.

Веќе втора година по ред „Amazon“ беше одреден за најскапиот бренд во малопродажбата. Тој исто така е меѓу 10-та највредни брендови во светот, зголемувајќи вредност за 41% до 64 милијарди долари. Во исто време вредноста на брендот „Walmart“ е намалена за 2 % , но тој ја задржува втората позиција во секторот на малопродажбата со оценка во износ од 35 милијарди долари.

Брендот „Facebook“ порасна за цели 68% за последната година или до 35.7 милијарди долари, а „Twitter“ и „LinkedIn“ успеваат да влезат во Топ 100 за прв пат во оваа година. Марката „Twitter“ е под број 71 и се проценува на 14 милијарди долари, а „LinkedIn“ е на 78-та позиција со проценка од 12 милијарди долари. „Yahoo“ се врати во рангирањето од минатата година, а вредноста на брендот и се зголемува за 44% до 14,2 милијарди долари.

„Toyota“ е најскапата автомобилска марка во светот. Неговата вредност е зголемена за 21% на годишна основа или до 29.6 милијарди долари, додека со најголем раст во вредноста на брендот во автомобилската индустрија може да се пофали „Ford“ – зголемување од 56% до 11,8 милијарди долари.

Ова е деветтото рангирање „BrandZ Top 100 Most Valuable Global Brands“ на „Millward Brown“. Таа е единствената која ги користи очекувањата на потенцијалните и сегашните купувачи на одредена марка, заедно со финансиски податоци за да ја пресметува вредноста на брендовите.

Еве кои се 10-те најскапи брендови во светот:

10. „Amazon“.

Сектор: Трговија на мало.

Вредност на марката: 64.2 милијарди долари (+41 %).

Место во минатогодишната оценка: 14.

9. „Marlboro“.

Сектор: Тутун.

Вредност на брендот: 67.3 милијарди долари (-3 %).

Место во минатогодишната оценка: 8.

8. „AT & T“.

Сектор: Телекомуникации.

Вредност на брендот: 77.8 милијарди долари (+3 %).

Место во минатогодишната оценка: 6.

7. „Visa“.

Сектор: Кредитни картички.

Вредност на брендот: 79.19 милијарди долари (+41 %).

Место во минатогодишната оценка: 9.

6. „Coca-Cola“.

Сектор: Безалкохолни пијалаци.

Вредност на брендот: 80.68 милијарди долари (+3 %).

Место во минатогодишната оценка: 5.

5. „McDonald’s“.

Сектор: Брза храна.

Вредноста на брендот: 85.7 милијарди долари (-5%).

Место во минатогодишната оценка: 4.

4. „Microsoft“.

Сектор: Технологија.

Вредност на брендот: 90.18 милијарди долари (+29 %).

Место во минатогодишната оценка: 7.

3. „IBM“.

Сектор: Технологија.

Вредност на брендот: 107.54 милијарди долари (-4%).

Место во минатогодишната оценка: 3.

2. „Apple“.

Сектор: Технологија.

Вредност на брендот: 147.88 милијарди долари (-20%).

Место во минатогодишната оценка: 1.

1. „Google“.

Сектор: Технологија.

Вредност на брендот: 158.84 милијарди долари (+40 %).

Место во минатогодишната оценка: 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП