6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокнаа акциите на Credit Suisse по казната во САД

Скокнаа акциите на Credit Suisse по казната во САД

Credit+Suisseg45t45423

Акциите на швајцарскиот банкарски гигант „Credit Suisse“ скокнаа, откако американските регулатори ја казнија оваа банка со 2,6 милијарди долари, по признанието дека им помогнала на своите американски клиенти да го избегнат плаќањето на данок во САД.

Акциите на „Credit Suisse“ се зголемија за 2,84 проценти, на 26,81 швајцарски франци, а главниот индекс на швајцарската берза зајакна за 0,41 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите наведуваат дека фактот што „Credit Suisse“ ја признал вината и започнал да ги решава проблемите го надминал фактот дека на оваа банка и е дадена најголемата казна која некогаш ја доделиле американските даночни власти.

Банката „Credit Suisse“, свесна дека ја очекува голема финансиска казна, однапред одвои средства за покривање на трошоците, а дел од средствата ќе одвои и од профитот од вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП