28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаслото и медот можат да ја извлечат Грција од кризата

Маслото и медот можат да ја извлечат Грција од кризата

Honey

Во големите напори на Грција за надминување на рецесијата, голема улога би можеле да одиграат два основни локални производи – медот и маслото, наведува грчкиот весник „Етнос“, пренесувајќи анализа на агенцијата Блумберг.

Во анализата се наведува дека регистрираниот пад на грчкиот извоз во текот на минатата година би можел да се компензира преку пласирањето во странство на прехранбени производи и пијалаци.

За разлика од севкупното намалување, извозот на земјоделски и прехранбени производи од Грција минатата година забележа раст од 3,5 проценти.

„Грчките производители на традиционални стоки се повеќе се ориентираат кон извозот на своето производство. Излезот од кризата во голема мерка ќе зависи од успешниот извоз на најдобрите грчки стоки“, наведува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП