10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Чешка не и се заканува опасност од недостиг на гас при...

На Чешка не и се заканува опасност од недостиг на гас при проблеми со испораката преку Украина

cheshkaoldtown

Чешка има резерви на природен гас за 100 дена и компанииите и домаќинствата не се изложени на ризик од недостиг на енергенсот, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка по состанокот на Националниот совет за безбедност, кој ги разгледуваше можностите на земјата во случај на проблеми со испорака на гас преку Украина.

Немаме причина да мислиме дека Русија ќе ја прекине испораката на гас во Европа. За тоа, нема ниту економски, ниту политички причини, рече Соботка, кој сепак додаде дека се можни проблеми со набавка на гас поради ризичните односи меѓу Русија и Украина.

Чешка, една третина од потребите на гас ги задоволува од Норвешка, а две третини од Русија.

На средбата е заклучено дека во случај на проблеми со испорака на гас преку Украина, Чешка со посредство на капацитетот на гасоводите кои одат до Германија би можела да им помогне на соседните земји-членки на Вишеградската група (Полска, Словачка и Унгарија), доколку за тоа има потреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП