20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофитoт од принудната работа изнесува 150 милијарди долари

Профитoт од принудната работа изнесува 150 милијарди долари

prisilna rabota

Трговијата со луѓе, принудната работа и модерното ропство претставуваат еден голем бизнис преку кој годишно се генерира профит од 150 милијарди долари.

Како што соопшти специјализираната агенција на Обединетите нации, Меѓународната организација за работа, глобалната заработка од луѓе кои работат против нивната волја – чиј број се проценува на 21 милиони, во изминатава деценија речиси е двојно зголемена во однос на 44-те милијарди долари, колку што изнесуваше во 2005-та година.

Генералниот директор на агенцијата, Геј Рајдер, вели дека со овој извештај повикува на итно истребување на вистинското зло, но и на една исклучително профитабилна практика.

„Потребно е да ја подобриме социјалната заштита за да ги спречиме домаќинствата да западнат во сиромаштија, која ги принудува луѓето на присилна работа. Потребно е да го подобриме нивото на образование и писменост, па така домаќинствата да бидат запознаени со своите права како работник“, изјави Рајдер.

Според неговите зборови, околу 55 проценти од жртвите на принудна работа се жени и девојки, кои прво и основно се користат за сексуална експлоатација и за работа по дома, додека машките и момчињата вообичаено извршуваат принудна работа во секторите земјоделство, градежништво и рударство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП