22 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО20-те најдобри непроценливи моменти во Лигата на Шампионите

20-те најдобри непроценливи моменти во Лигата на Шампионите

lilipul

Триумфот на Ливерпул против Милан во Истанбул, кога тимот победи на финалето од Лигата на шампионите во 2005-та година, е најголем бесценет момент од последните дваесет години во ова натпреварување.

За да ја прослават 20-годишнината како официјален спонзор на УЕФА Лига на Шампиони, „MasterCard“ праша илјади фанови во светот кои се нивните омилени моменти од најелитното фудбалско натпреварување.

Додека Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се подготвуваат за средба лице в лице во овогодинешното финале, беше објавена финалната листа на најпознатите бесценети моменти. Погодокот на Оле Гјунар Солскер за Манчестер Јунајтед во финалето во 1999-та година и фантастичниот волеј на Зинедин Зидан се најдоа на второто и третото место по незаборавниот успех на Ливерпул.

20-те најдобри непроценливи моменти:

1. Триумфот на Ливерпул против Милан во Истанбул на финалето во 2005-та година.

2.  Победатаво последните моменти на Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен во финалето во 1999-та година.

3. Голот од волеј на Зинедин Зидан против Баер Леверкузен во финалето во 2002-ра година.

4. Победата на Барселона против Манчестер Јунајтед на финалето во 2011-та година.

5. Голот на Роналдињо за Барселона против Челзи во март 2005-та година.

6. Погодокот на Фернандо Торес за Челзи против Барселона во 2012-та година.

7. Победничкиот гол на Дидие Дрогба за Челзи во финалето во 2012-та година.

8. Празнувањето на Жозе Мурињо по победата на Порто против Манчестер Јунајтед во полуфиналето во 2004-та година.

9. Голот на Андрес Иниеста за Барселона против Челзи во полуфиналето во 2009-та година.

10. Победата на Ајакс на УЕФА Лигата на шампионите во 1995-та година.

11. Трофејот на Ерик Абидал на УЕФА Лигата на шампионите во 2011-та година.

12. Хет-трикот на Роналдо за Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед во 2003-та година (23-ти април).

13. Гол од далечина на Стивен Џерард против Олимпијакос во 2004-та година (8-ми декември).

14. Надмоќната победа на Милан со 4-0 против Барселона во финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 1994-та година.

15. Соло голот на Тиери Анри за Арсенал против Реал Мадрид во 2006-та година (21 февруари).

16. 4-те гола на Роберт Левандовски за Борусија Дортмунд против Реал Мадрид во 2013-та година (24 април).

17. Голот на Рој Макај во 10-та секунда против Реал Мадрид во 2007-ма година (7-ми март).

18. Победата на Монако со 8-3 против Депортиво во полуфиналето во 2004-та година.

19. Победата на Борусија Дортмунд на УЕФА Лигата на шампионите во 1997-та година.

20. Баерн Минхен и Борусија Дортмунд лице в лице во целосно германското финале во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП