19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank собра двојно повеќе од потребното

Deutsche Bank собра двојно повеќе од потребното

dojce-bankauj78u67u76u76u5

Германската банка „Deutsche Bank“ на аукцијата за конвертибилни обврзници собра двојно повеќе средства од потребното.

Банката настојува да го зголеми нивото на капитал пред стрес тестовите над европските банки.

Според соопштението на банката, од емисијата на конвертибилни (хибридни) обврзници деноминирани во евра, долари и фунти се собрани 3,5 милијарди евра, а овие средства ќе послужат за зголемување на нивото на финансиски резерви пред настапувањето на строгите банкарски прописи во Европа, пренесува агенцијата Франс прес.

Како и многу други европски банки, и „Deutsche Bank“ е под притисок да го зголеми нивото на капитални резерви, а на крајот на април оваа банка соопшти дека планира од првата транша на конвертибилни обврзници да собере 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП