28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ го потврди растот на Македонија, предупредува на последиците од поплавите на...

ММФ го потврди растот на Македонија, предупредува на последиците од поплавите на Балканот

mmfmisijaf5r46re4g6e4r

Асим Хусеин, директорот на европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, ги потврди оценките за солиден економски раст за Македонија во текот на оваа година од над 3,5 проценти, како и за следната година, јавидописникот на МИА од Вашингтон.

Хусеин, кој синоќа ја претстави економската ситуација во Центарот за стратегиски имеѓународни студии во Вашингтон, нагласи дека поплавите во Босна и Србија можат даимаат сериозен ефект врз овие две земји.

Мислам дека генерално целиот регион ќе има економски раст. За Македонија исто така предвидуваме дека и натаму ќе се зголемува економскиот раст. Како што знаете, од 2013година почна заздравувањето на економскиот раст, изјави Хусеин.

Според него, главна задачa за регионот, особено за позадолжените држави како Хрватска иСрбија, ќе биде да обезбедат раст на кредитните линии за стопанството и финансирање сокредити од странство. Според директорот од ММФ височината на долгот на овие две земји ќего забави нивниот економски раст.

Дополнително, Хусеин воедно предупреди дека катастрофалните поплави кои ги зафатијаБосна и Србија ќе имаат влијание врз нивните економии во текот на оваа година.

Покрај поплавите, дополнителна причина за загриженост, според Хусеин, е кризата воУкраина и најавите на Европската Унија за засилени санкции против Русија.

Хусеин ги издвои и Грција, Бугарија, Романија и Унгарија како земји чиј економски растстрада од нивот она корупција. Тој предвиде дека најбргу растечки економии во источнаЕвропа, со по 5 проценти раст, ќе бидат водечката Полска, како и Латвија, која расте особенобргу по големиот пад на економијата во кризата во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП