4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter стекнува популарна музичка услуга?

Twitter стекнува популарна музичка услуга?

Twitter-SoundCloud-deal

Првите луѓе на социјалната мрежа „Twitter“ ја разгледуваат можноста да поднесат понуда за најпопуларниот сервис за споделување и откривање на музика, „SoundCloud“. Таа им овозможува на корисниците да ги прикачат и споделуваат на мрежата своите омилени песни.

Во месец октомври 2013-та година основана во Берлин, „SoundCloud“ објави дека има 250 милиони активни корисници. Во моментов, компанијата се проценува на 700 милиони долари.

Ако договорот стане факт, тоа ќе е најголемото стекнување од страна на „Twitter“. Засега и двете страни одбија да дадат коментар на оваа тема. Доколку ова стекнување се реализира, многу е веројатно дека од „SoundCloud“ ќе бидат принудени да се договорат со големите музички куќи, за да добие дозвола да ја шират нивната музика.

Ова ќе е втор обид на „Twitter“ во оваа областа. Минатата година социјалната мрежа објави самостојна апликација за музика.  Сепак, таа не стекна доволно популарност според очекувањата на луѓето од „Twitter“, по што во март 2014-та година беше стопирана.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП