18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGazprom не им простува ниту на своите!

Gazprom не им простува ниту на своите!

Russia Ukraine

Рускиот гасен монопол „Gazprom“ им предложи на Московската, Тверската и Јарославската област да најдат друг снабдувач на гас, затоа што направиле големи долгови.

Како што денеска на конференцијата за медиумите рече Кирил Сељежњев, членот на управниот одбор на „Gazprom“, Московската област е лидер според задолженоста.

Според неговите зборови, долговите на руските потрошувачи на гас од почетокот на годината се зголемени за 23 проценти, а вкупната задолженост на 1-ви април изнесувала 141.6 милијарди рубљи (четири милијарди долари).

Минатата година задолженоста е зголемена за 40 проценти во однос на 2012-та година. При тоа, додава Сељежњев, цената на гас за потрошувачите внатре во Руската Федерација е значително пониска за разлика од европската.

Средната годишна цена на гас за домашните потрошувачи била 2.340 рубљи за илјада кубни метри, додека цената за испорака во Европа била 387 долари за илјада кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП