Реномирани продавници, забава, ресторани, игротеки, содржини за сите возрасти ќе бидат дел од трговскиот центар РЕМ што за еден месец ќе биде отворен во Тетово.
Трговскиот центар е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, лоциран на само 700 метри од центарот на Тетово, помеѓу двата главни булевари, кој вклучува и хотел и станбени единици, инвестиција на компанијата Ренова во вредност од 40 милиони евра.
Во РЕМ комплексот покрај трговскиот центар со површина од 19.000 метри квадратни има луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60.000 метри квадратни.
Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Карфур, италијанскиот моден ланец Групо Фјори, Мега Фешн, играчница Аркадиа, Екстрим Интимо, Офис Плус, Пенти, Ламас и Џовани УСА, Мат Стар, Кимико, Топ Шоп, Анхоч, ПС Фешн, Голден Роуз, парфимерија Еликсир, слаткарница Амфора, донер Дајти, печива и пица Меридиан, бутик Емона, накит Сваровски Елементс, уреди за домаќинство Елипсо.