28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА9 причини поради кои никогаш нема да бидете богати

9 причини поради кои никогаш нема да бидете богати

49278_shutterstock-132478784_630x0

Постои изрека која вели дека богатството се одржува по три генерации во едно семејство. Едната генерација го заработува, другата го троши, а третата го докрајчува она што останало. Секако, постојат исклучоци од ова правило. Според некои експерти, постојат многу потенцијални милионери, но за да станат милионери ќе треба да се одвикнат од некои лоши навики.

Според финансиските експерти никогаш нема да станете богати доколку имате некоја од следниве навики:

1. Претерано трошење

Доколку уживате во трошење пари, не се грижете, не сте единствени. Според едно истражување, 52 проценти од луѓето претерано трошат од навика, а многу од нив земаат од тоа што го заштедиле дотогаш, додека пак 22 проценти од нив се потпираат на своите кредитни картички. Ако секој месец целосно ги трошите своите пари, немате баш некои големи шанси да станете богати. Започнете да обрнувате внимание на што ви одат парите секој месец и разгледајте каде можете да ги намалите трошоците и да направите реалистичен месечен буџет кој ќе ви овозможи да ги платите своите сметки и да заштедите.

2. Недоволно штедење

Многу мал број на луѓе всушност знаат да штедат, а тоа би требало да ви биде приоритет доколку сакате да станете богати. Се што можете, тргајте го на страна, кога ќе ви останат вишок пари.

3. Имате премногу долгови

Одредени долгови се добар предуслов за финансиски успех, како на пример купување на недвижнини или започнување на свој бизнис, но некои долгови не се. Кога ги враќате долговите, ги враќате прво оние кои имаат нависока камата.

59525_profimedia0112556806_630x0

4. Немате план

Без јасно дфиниран план не можете да станете богати.

Можеби правењето на финансиски план ви звучи тенденциозно, но не мора да биде така, можете многу лесно да се навикнете на него.

5. Немате фонд за итни случаи

Експертите тврдат дека морате да имате фонд за итни случаи во кој сте вложувале барем изминатите шест месеци. Животот е непредвидлив, па кога не сте осигурани на овој начин непријатната ситуација може да прерасне во катастрофа.

6. Касно сте започнале

Времето брзо минува. Исто како и кај вежбањето, најтешко е да се започне. Дури и доколку имате долгови, мали приходи а многу трошоци, можете да издвоите нешто на страна.

7. Повеќе се жалите отколку што се предавате

„Не заработувам доволно“, „Животот е премноу скап“, „Нема шанси никогаш нема да се извлечам од долговите“ – доколку ова често го мислите или го кажувате, престанете. Доколку не го промените начинот на размислување ништо нема да се промени. Престанете да се жалите и да барате изговори. Наместо тоа, преземете ја одговорноста за своите навики и концентрирајте се на тоа да ја промените.

8. Живеете за денес и не размислувате за утре

Не е многу забавно да се размислува за далечна иднина, пензионирање и слично, но еднаш ќе треба и тоа да го направите. Проблемот е што импулсивното трошење ве води во долгови. Направете си услуга на себе и не го применувајте принципот „купи сега, грижи се после“, туку префрлете се на „заштеди сега, збогати се после“.

9. Вложувате се во една работа

Можеби ќе имате среќа доколку вложите се во едно место. Но тоа е исто како и лотарија и не е стратегија по која треба да се водите. Вложувањето на сите пари во една работа не се препорачува бидејќи со себе носи голем ризик. Вложете на повеќе страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП