28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако Ван Гал ќе потроши 200 милиони фунти

Како Ван Гал ќе потроши 200 милиони фунти

transferi van gal

Искусниот Луис ван Гал ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед во следните три години, во случај холанѓанецот да го исполни својот договор до крај. За да му биде обезбеден „летечки старт“, стратегот на „ѓаволите“ ќе добие околу 200 милиони фунти за селекција, со цел да се конструира состав кој повторно ќе е способен да се бори за сите трофеи.

Англиските медиуми веќе се натпреваруваат во објавувањето на листи со трансферните цели на Ван Гал. Се прави впечаток дека споменуваните имиња се ѕвезди од Бундеслигата, но има и такви од Серија А и Примера.

Еве ја и листата со најчесто споменуваните фудбалери (наведените цени се земаат за пример, според „Дејли Меил“):

Ариен Робен (Баерн Минхен, 25 милиони фунти).

Кевин Строотман (Рома, 25 милиони).

Цеск Фабрегас (Барселона, 45 милиони).

Тони Крос (Баерн Минхен, 18 милиони).

Матс Хумелс (Борусија Дортмунд, 20 милиони).

Холгер Бадштубер (Баерн Минхен, 15 милиони).

Лук Шо (Саутемптон, 27 милиони).

Себастијан Јанг (Ајнтрахт Франкфурт, 7 милиони).

Марио Манџукиќ (Баерн Минхен, 25 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП