28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза инфлацијата во Британија

Забрза инфлацијата во Британија

*

Инфлацијата во Британија во април забрза за прв пат во последните 10 месеци, покажуваат официјалните податоци во Лондон.

Растот на британската инфлација доаѓа во време на проширеното стравување од невообичаено ниската инфлација во Европа, пред се во еврозоната, пренесува агенцијата Франс прес.

Индексот на потрошувачките цени (ЦПИ) порасна минатиот месец за 1,8 проценти, откако во март беше на четиригодишниот минимум од 1,6 проценти, наведува британскиот Завод за статистика.

ЦПИ претходно бележеше пад шест месеци по ред.

„Скокот на транспортните трошоци, пред се на авиопревозот, бродскиот превоз и моторните горива, најмногу придонесе за забрзување на инфлацијата“, наведува Заводот, додавајќи дека поголемиот раст на вкупните цени бил спречен благодарение на падот на цената на храната.

ЦПИ сепак сеуште е под целното ниво на Банката на Англија од два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП