4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија очекува добри приноси од житните култури

Македонија очекува добри приноси од житните култури

zitnikulturi6g4eg46w

Годинава се очекуваат рекордни приноси од житните култури во Овчеполието и во останатите области во источниот регион, покажуваат анализите на штипскиот Земјоделски факултет.

Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Илија Каров вели дека по обиколката на посевите засадени со жито во Овче Поле и во Кумановскиот регион очекува приносите на пченицата и јачменот да изнесуваат седум до осум тони по хектар.

Оценува дека поплавите во соседна Србија ќе влијаат на цената на житните култури, иако, според него, се уште е рано да се пресмета колку ќе изнесува зголемувањето.

Каров истакна дека покрај очекуваното намалување на увозот на житарки од Србија, проблеми со увозот на пченица годинава се очекува да има и од Украина.

Ние во голема мера како земја сме зависни од увоз, особено на пченица. Најголем дел од пченицата покрај од Република Унгарија и од други држави увезуваме од Република Србија.

Сепак, би требало да се очекува дека во иднина Република Србија ќе настојува да го задржи своето земјоделско производство за свои потреби. Од една страна имаме прекрасни климатски услови за добро и квалитетно производство на житарици. Но сепак ова сега што се случува е за внимание и јас лично очекувам дека цените би биле значително повисоки, односно Република Македонија мора да размислува од кои држави би можело да се увезе она што недостасува на македонскиот пазар, вели Каров.

Според земјоделските експерти, заради случувањата во регионот се очекува и поскапување на градинарските производи. Добро е што родот е солиден и се очекува производство на доволно храна за граѓаните во земјава, но и за извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП