28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација СЕИ Нет

Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација СЕИ Нет

using-smartphone-590x300

Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на системот за електронски информации СЕИ Нет, со која треба да се забрза и поедностави пристапот до информациите што ги објавуваат котираните акционерски друштва за своето работење.

Отсега, како што соопшти Беразата, сите објавени информации од 116 котирани друштва ќе бидат достапни преку оваа апликација.

Корисниците на мобилната апликација на СЕИ Нет ќе имаат пристап до прегледот на последните објавени информации, кои што може да ги подесат по тип на објава (финансиски извештаи, собрание на акционери, други ценовно чуствителни информации) или по издавач.

Оваа апликација е достапна до корисниците на Андроид платформата и може да се преземе преку Гугл Плеј. Во скоро време се предвидува апликација за мобилните апарати кои работат на ИОС платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП