7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на Vodafone по продажбата на Verizon Wireless

Скокна профитот на Vodafone по продажбата на Verizon Wireless

vodafone2

Нето профитот на британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ се зголеми на 59,25 милијарди фунти (100 милијарди долари) за една година заклучно со месец март, благодарение на продажбата на уделот во американската компанија „Verizon Wireless“.

Групацијата во фискалната година 2012/2013 имала доста помал профит од 413 милиони фунти, поради еднократните трошоци, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите во последната финансиска година се намалени за 1,9 проценти на 43,6 милијарди фунти.

„Vodafone“ минатата година се согласи да продаде 45 проценти од уделот во заедничкото вложување со партнерот „Verizon“ за 130 милијарди долари, со цел да се зајакне деловната стратегија, и инвестициите, како и да се намалат долговите.

Потегот донесе огромен капитал, од кој дел се искористи за враќање на 85 милијарди долари на акционерите, како и за стратешки аквизиции, вклучувајќи го и купувањето на шпанскиот кабелски оператор „Ono“ и најголемиот германски кaбелски оператор „Kabel Deutschland“.

Во тековната финансиска година, „Vodafone“ очекува профит пред одбивање на каматата и даноците од 11,3 и 11,9 милијарди фунти, во однос на 12,8 милијарди фунти од 2013/2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП