6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтетата од поплавите во Србија само во земјоделството ќе изнесува половина милијарда...

Штетата од поплавите во Србија само во земјоделството ќе изнесува половина милијарда евра

472206_04mine-foto-reuters-m-djurica_ff

Директната штета поради загубата на овогодинешниот род во земјоделското производство може да достигне околу половина милијарда евра, изјави агроекономистот Миладин Шеварлиќ.

„Ако е точна проценката дека поплавата опфатила околу 10 проценти од вкупното земјоделско земјиште, тогаш директната штета поради загубата на овогодинешниот род во земјоделското производство ќе изнесува околу половина милијарда евра“, изјави Шеварлиќ.

„Но, штетата е далеку поголема бидејќи имаме и други поврзани загуби, во уништениот добиток, механизацијата, во објектите, а и индиректни загуби, кои може да се појават поради загуба на можното производство која ќе се појави во наредните години, таму каде што се уништени повеќегодишните насади или објекти кои нема да можат да се вратат во функција во краток временски период“, изјави тој.

Првиот чекор во санацијата на штетата во земјоделството треба да биде распоред на постапки и мерки кои треба да ги направат надлежните државни органи за санација на таа област, при што голема улога играат советниците во областа на земјоделството, но нив за жал ги има многу малку, потенцираше тој.

„Поради тоа предлагам Министерството за земјоделство да ги ангажира невработените агрономи, кои во август 2012 година беа асистенти во програмата „Нашето знаење за нашиот имот“. Верувам дека секој од нив може да помогне, изјави Шеварлиќ.

Земјоделските култури кои не беа зафатени од полавите, не се загадени бидејќи врз нив имало само дожд, но оние површини кои беа зафатени од полавите треба да бидат анализирани се со цел да се процени кои мерки треба да бидат преземени, ако воопшто е можно да се ревитализира производството, објасни Шеварлиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП