5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплата на првата транша помош за Украина од 100 милиони евра

Исплата на првата транша помош за Украина од 100 милиони евра

evri1u78rtf

Европската унија денес на Украина ќе и ја испрати првата транша од макрофинансиската помош од 100 милиони евра, изјави вчера портпаролката на Европската комисија, Пиа Аренкилд Хансен.

Таа потсети дека вкупниот износ од помошта, со вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, ќе биде уплатен во Украина откако ќе се заврши процесот на ратификација на договорот за распределба на средствата, пренесува Итар тас.

Хансен исто така изјави дека во работната посета на Киев ќе биде и заменик претседателот на Европската комисија, Сим Калас.

„Посетата ќе се одржи во контекст на обезбедување на целосната можна помош за Украина“, изјави таа и додаде дека Калас ќе има низа средби со членовите на владата на Украина, меѓу кои и премиерот Арсениј Јацењук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП