4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе пишуваат правила за биткоинот

Се пишуваат правила за биткоинот

bitcoins_1020_large

Владата на САД формираше работна група на експерти чија задача е да напишат нова регулатива за финансиските трансакции на виртуелните валути.

Како што се повеќе компании се одлучуваат за ова средство за плаќање, потребата за единствена регулатива во сите сојузни држави стана се поголема. Досега биткоинот и сличните валути не беа на никој начин обработени во законите, па сите кои нив ги користеле мораа да се борат со законодавците во 50 различни држави.

Целта е да се промени таквата пракса, но без гушење на напредокот на технологијата и со максимални напори, корисниците да се заштитат од малверзации.

Работната група има рок од една година да ги реализира задачите, а прва од нив е изработката на единствен законски предлог кој ќе биде испратен во Конгресот за усвојување. Ако успеат да направат квалитетна регулатива, тие се надеваат дека таа би можела да ги покрие и останатите нови технологии преку кои се одвиваат плаќања, како што се „PayPal“ или плаќањето преку мобилен телефон.

Со таквата регулатива, пред се, би биле заштитени потрошувачите, а со нив и сите легални корисници на виртуелните валути.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП