18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан економскиот раст на Африка

Забрзан економскиот раст на Африка

1275010926537a46bb98de1858443760_640x480

Африканскиот економски раст оваа година ќе забрза, така што би требало да достигне 4,8 проценти од БДП, прогнозира Африканската развојна банка „BAD“.

Приливот на капитал на африканскиот континент ќе го надмине износот од 200 милијарди долари (146 милијарди евра), што е за четири пати повеќе во однос на нивото од 2000 година, а странските инвеститори најмногу се интересираат за секторот за индустрија и услуги, се наведува во извештајот од банката, пренесува Ројтерс.

Перспективите за растот на среден рок за Африка се подобрени, благодарение на политичката и социјалната стабилизација на континентот, како и закрепнувањето на економските услови, истакнува BAD.

Земјите во суб-сахарска Африка, со просечен раст на БДП од 5,8 проценти оваа година, ќе остварат побрз раст од развиените земји од северниот дел на континентот, проценуваат експертите на банката, чие седиште се наоѓа во Тунис.

Во минатата година просечниот економски раст на Африка изнесуваше 3,9 проценти, а во 2014 година би требало да достигне 4,8 проценти и во 2015 година дури 5,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП