
Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево попладнево почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија.


Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево попладнево почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија.
Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра.
На свечениот чин на поставување на камен-темелникот присутен беше и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.
– Поставувањето на камен-темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко, рече Дехари.