4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката „Кредит Свис“ ќе им плати казна од 2,5 милијарди долари на...

Банката „Кредит Свис“ ќе им плати казна од 2,5 милијарди долари на САД

credit-suisse

Министерството за правда на САД соопшти дека втората по големина швајцарска банка, „Кредит Свис“ се согласила да им плати на американските власти повеќе од 2,5 милијарди долари казна, откако ја призна вината по обвинението дека им помагала на своите богати американски клиенти да го избегнат плаќањето даноци.

Американскиот секретар за правда Ерик Холдер изјави на прес-конференција дека „Кредит Свис“ е првата финансиска институција, која ја признала вината за таквото однесување во изминатите две децении.

Тој додаде дека спогодбата склучена со банката покажала дека ниту една финансиска институција не е над законите.

Со тоа, нагласи Холдер, „Кредит Свис“ го задржува своето право да ги продолжи своите активности во САД.

Случајот против швајцарската банка беше отворен по истрагата на сенаторска подкомисија, која утврди дела таа им дала можност на најмалку 22.000 богати Американци да затајат данок од американските даночни власти во износ меѓу десет и 12 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП