9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе ги заострувајте односите со Русија

Не ги заострувајте односите со Русија

germanijanu3hgr7gf

Германско-руската надворешно трговска комора ја предупреди владата на Германија дека конфликтот на ЕУ и Русија околу Украина ќе нанесе голем удар врз германската економија.

Острите економски санкции ќе доведат до тоа профитабилните договори да се склучуваат само со домашните компании, а руската страна би можела да се откаже или да ги замрзне проектите.

Освен тоа, руските фкомпании ќерки ќе развијат поблиска соработка со Азија, пред се со Кина.

Санкциите кои ги наметнува владата на Ангела Меркел ќе доведат до загуба на бројни работни места во Германија, но и повеќето компании ќе мораат да платат пенали во случај на еднострано раскинување на договорите со руските партнери.

Во документот се наведува дека германските компании ризикуваат залудно да го изгубат местото на рускиот пазар, и дека тоа ќе и нанесе непоправлива штета на конкурентноста на Германија во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП