18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAstraZeneca ja одби новата понуда на Pfizer

AstraZeneca ja одби новата понуда на Pfizer

CITY AstraZeneca/logo 2...AstraZeneca's new logo on the main pro

Британскиот фармацевтски гигант „AstraZeneca“ денеска ја одби конечната понуда за превземање од американскиот ривал „Pfizer“.

Понудата е одбиена со образложение дека бројката од 117 милијарди долари (85 милијарди евра) ја потценува вредноста на британската компанија.

„Pfizer“ во неделата состави подобрена и конечна понуда за превземање вредна 69 милијарди фунти, но порачаа дека нема да ја достават без претходно „зелено светло“ од раководството на „AstraZeneca“.

„Ја одбивме конечната понуда на „Pfizer“ затоа што не е соодветна и претставува голем ризик за акционерите, но исто така сметаме дека ќе има сериозни последици по компанијата, нашите вработени и секторот за животни науки во Британија, Шведска и САД“, изјави директорот на „AstraZeneca“, Лојф Џохансон.

Тој додаде дека конечниот предлог на „Pfizer“ само малку е подобрен, но и натаму ја потценува вредноста на компанија, поради што е одбиен.

Според последната понуда, акционерите на „Pfizer“ би требало да поседуваат 73 проценти од новата компанија, а пак акционерите „AstraZeneca“ удел од 27 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП