29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВонредна состојба во Србија: Што им е забрането на трговците?

Вонредна состојба во Србија: Што им е забрането на трговците?

1400255695stop

Министерството за трговија на Србија бара од трговците во услови на вонредна состојба да не предизвикуваат нестабилност и нарушување при снабдувањето на основните животни намирници.

Од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации предупредуваат на казни кои ќе следат доколку постои прикривање на стока или зголемување на цените.

Во соопштението за постапките на трговците во услови на вонредна состојба, кое денес е објавено на сајтот на Министерството, Секторот за пазарна инспекција предупредува дека секаков вид на нечесно, недозволено, шпекулативно работење, како што е прикривањето на стока, зголемувањето на цените или било кој друг вид на условување при купувањето, ќе биде казнето во согласност со Законот за трговија.

Тие потсетуваат дека казните изнесуваат два милиони динари, а заштитните мерки се забрана за работење во времетраење од шест месеци до две години.

Во соопштението на Секторот за пазарна инспекција, од трговците се бара, земајќи ја во предвид потребата за спречување на нарушување на пазарите во снабдувањето со основните животни намирници, како што е флашираната вода, лебот, млекото, маслото, да преземат соодветни мерки.

Од трговците се бара да обезбедат услови за оддржување на стабилност и снабдување на пазарот, особено кога станува збор за стока од егзистенционално значење за населението, што подразбира работното време на трговските објекти да биде прилагодено според потребите на населението.

Инспекцијата бара од трговците да овозможат за што поголем број на жителите да бидат достапни основните животни намирници, да се зголеми бројот на намирници за кои постои поголема побарувачка и да се направат овие намирници подостапни, со цел полесно да се надмине вонредната состојба.

Министерот за трговија Расим Љајиќ изјави дека пазарната инспекција добила повеќе жалби дека одделни трговци ја злоупотребуваат вонредната состојба за неоправдано зголемување на цените на одделни намирници и тој најави најостри мерки против оние кои ја злоупотребуваат ваквата состојба.

Тој изјави дека сите пазарни инспектори од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, а особено оние кои работат во општините во кои е прогласена вонредна состојба, добиле налог за зголемена контрола на малопродажните објекти, бидејќи веќе од неколку места пристигнале желби дека трговците во овие локали неправедно ги зголемиле цените на одделни производи, особено на флашираната вода и храната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП