27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на Ryanair

Потона профитот на Ryanair

ryanair

Годишниот профит на ирскиот никобуџетен авиопревозник „Ryanair“ потона за прв пат во последните пет години поради ниските цени на билетите и поскапото гориво.

Заработката пред оданочување е намалена за осум проценти, на 523 милиони евра, во последната година заклучно со месец март 2014 година што е помалку во однос на рекордниот нето профит од 569 милиони евра од 2012/2013 година, а причина за тоа е пониските цени на билетите кои се воведени за да се наутрализира слабата побарувачка, се наведува во соопштението на „Ryanair“, пренесува Франс прес.

Според соопштението на компанијата, бројот на патници во изминатата фискална година пораснал за три проценти на 81,7 милиони, додека приходите исто така се зголемени за три проценти на 5,03 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП