4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин очекува кинески инвестиции

Путин очекува кинески инвестиции

putin1fe43t5tgy

Русија е заинтересирана за ангажирање на кинески компании во развојот на рускиот Далечен Исток, а во подготовка е и договорот за испорака на рускиот гас во Кина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Секако дека сме заинтересирани за тоа кинеските компании да ги искористат деловните прилики и да бидат меѓу лидерите во тоа подрачје, за брз развој на Далечниот Исток, што ќе биде од корист за Русија и Кина“, изјави Путин.

Двете земји ги финализираат подготовките за договорот за испорака на гас во Кина, што на Русија ќе и овозможи да ја диверзификува транспортната рута и испорака на овој енергент, изјави Путин.

„На нашите кинески партнери ова ќе им овозможи решение за акутните проблеми во врска со недостатокот на енергија и заштита на околината благодарение на користењето на „чисто гориво“, изјави тој.

Тој нагласи дека е важно двете земји да ги развијат не само трговските односи, туку и да склучат технолошки и индустриски сојуз, со цел да привлечат инвестиции во инфраструктурата и енергетскиот сектор.

Путин смета дека со тоа ќе постават темел за долгорочен одржлив развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП