6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank собира нов капитал

Deutsche Bank собира нов капитал

dojce-bankauj78u67u76u76u5

„Deutsche Bank“ соопшти дека ќе собере осум милијарди евра нов капитал од инвеститорите за да ги зајакне своите финансии во време на заострување на регулативите и најави за нови инвестиции.

Банката соопшти дека само еден инвеститор од Катар купил акции во вредност од 1,75 милијарди долари.

Директорот на банката Анша Џаин изјави дека свежиот капитал ќе помогне да се надминат „непредвидливите предизвици“ кои можат да се појават во иднина.

„Deutsche Bank“ со оваа мерка ќе го зголеми основниот капитал на 11,8 проценти, што е значително повеќе од претходната цел од 10 проценти.

Банките ширум Европа ги напуштаат ризичните бизниси и собираат свеж капитал со цел да ги исполнат новите регулаторни стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП