1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Њујорк тајмс“ обвини украински магнат за блиски врски со семејството Клинтон

„Њујорк тајмс“ обвини украински магнат за блиски врски со семејството Клинтон

hk

По информацијата дека синот на американскиот потпретседател Џо Бајден бил именуван за директор во најголемата украинска компанија за производство на природен гас, весникот „Њујорк тајмс“ објави сторија за бизнис врски на семејството Клинтон со влијателниот украински бизнисмен Виктор Пинчук.

Според весникот, Пинчук, кој е зет на поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма, одржувал блиски контакти со Стејт департментот во периодот кога Хилари Клинтон беше државен секретар.

Фондацијата на Бил Клинтон примила 13,1 милион долари донации од Пинчук, поранешниот претседател бил гостин на украинскиот милионер во Јалта, а Пинчук пак бил гостин на роденденската прослава на Клинтон во Лос Анџелес.

Воедно, Украинецот со години наназад го ангажирал поранешниот политички советник на Клинтон, Даглас Шоен, за 40.000 долари месечно, а од 2011 година, уште пред почетокот на кризата во Украина, Шоен му организирал средби на Пинчук со високи претставници на Стејт департментот.

– Моите лоби активности за г-дин Пинчук беа со единствена цел да се разреши политичката криза која беснее во Украина и немаа никаква врска со неговите евентуални деловни интереси во САД, изјави Шоен за „Њујорк тајмс“.

Весникот вели дека украинскиот бизнисмен сепак има финансиски интерес.

Повеќе американски металуршки компании ја обвинуваат водечката компанија во сопственост на Пинчук – Интерпајп – дека им го загрозува бизнисот со извоз на големо количество исклучително ефтини челични цевки во САД.

Овие цевки се користат пред се за извлекување на природен гас.

Гасната индустрија е во голем подем во САД, по откривањето на нови технологии на извлекување на гас и нафта од наоѓалишта кои се сметале за исцрпени.

Поради тоа, неколку американски металуршки компании од Охајо и Пенсилванија, делови на САД во кои со децении замира индустриската активност, се побунија поради увозот на странски челични цевки.

Тие сметаат дека земји како Украина, Индија, Јужна Кореја и Турција го преплавуваат американскиот пазар во оваа ретка растечка индустриска дејност.

Ваквите американски компании веќе успеаја да го спречат увозот од Кина, и да го убедат Вашингтон да воведе високи царини поради обвинувањата дека кинеските компании вршат дампинг – извоз на цевки со неверојатно ниски цени со цел да го приграбат пазарот за себе.

„Њујорк тајмс“ обвинува дека контактите на Пинчук со семејството Клинтон и со Стејт департментот, и неговите донации за Фондацијата Клинтон, можеби имале за цел да се влијае врз американските власти и да се спречи опасноста од воведување на слични давачки и за увозот на украински цевки во САД, со што би се нарушиле бизнис интересите на неговата компанија.

Весникот пишува дека Интерпајп веќе не може да извезува во Русија, поради кризата меѓу двете земји, и се врти кон САД во обид да го надомести загубениот руски пазар.

Освен со фондацијата на Бил Клинтон, Пинчук има длабоки контакти во САД, каде е член на бордовите
на неколку угледни аналитички центри, како што е Брукинс, близок до администрацијата на претседателот Обама, и економскиот тинк-тенк Питерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП