
Мисијата на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар денеска ја завршува посетата на Македонија.


Мисијата на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар денеска ја завршува посетата на Македонија.
Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата од 6 мај беше Пост- програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.
Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.