27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте нивото на лоши кредити во Кина

Расте нивото на лоши кредити во Кина

kinajdh37

Нивото на лоши кредити во кинеските банки драстично се зголеми во првите три месеци од 2014 година, а аналитичарите тврдат дека тие се на највисокото ниво во последните три години.

Обемот на ненаплатливите кредити во кинеските банки на крајот на март изнесуваше 646,1 милијарди јуани (103,6 милијарди долари), што е за 54,1 милијарди јуани повеќе во однос на почетокот на годината, се наведува во соопштението на Кинеската банкарска регулаторна комисија (CBRC), пренесува агенцијата Франс прес.

Ненаплатливите кредити изнесуваат 1,04 проценти од целокупното кредитирање, што е за 0,04 процентни поени повеќе во однос на почетокот на јануари, се додава во соопштението на CBRC, во кое додаваат дека до пораст на лошите кредити дошло поради малите претпријатија и некои индустриски гранки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП