27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во Кипар ќе биде помала од очекуваната

Рецесијата во Кипар ќе биде помала од очекуваната

kipar_zastavaght76

Меѓународните кредитори прогнозираат дека рецесијата ќе биде помала од претходно очекуваната, благодарение на приватната потрошувачка која продолжува да и дава поддршка на економијата, наведуваат кипарските власти, додавајќи дека постои можност Никозија да се врати на меѓународните пазари за обврзници порано од претходно планираното.

Кредиторите ја завршија четвртата мисија на Кипар и наведоа дека програмата за економско прилагодување е на добар пат, изјави министерот за финансии Харис Јоргијадис, пренесува Ројтерс.

Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд веруваат дека негативниот економски раст на Кипар оваа година ќе изнесува 4,2 а не 4,8 проценти, како што првично се прогнозираше. Идното закрепнување, ќе биде бавно, земајќи го во предвид високото ниво на невработеност, нарушената ликвидност поради високото ниво на ризични кредити и презадолженоста, со што може да биде загрозена и потрошувачката, наведува „тројката“ кредитори.

Кипарската економија потона за 5,4 проценти во 2013 година, а враќањето на патеките на растот од 0,4 проценти се очекува во 2015 година. Кипар очекува целосно враќање на финансиските пазари до крајот на наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП