28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКупот на Македонија за ракометарите на Вардар

Купот на Македонија за ракометарите на Вардар

vardarmazi

Ракометарите на Вардар успеаа да триумфираат во финалето на 22-то издание на ракометниот Куп на Македонија откако беа поуспешни од Металург со 30:28 (14:11).

Ова за Вардар е деветти трофеј во Купот на Македонија со што и натаму се најуспешна екипа.

Финалето подобро го почна Металург, кој поведе со 4:2, но „вардарци“ направија серија од 6:0, а три голови постигнаа од контри.

Предноста од 3-4 голови ракометарите на Вардар успешно ја чуваа до крајот на првиот дел.

На почетокот на второто полувреме во 37. минута Вардар имаше и највисоки +5 (17:12), но Металург брзо се врати со серија од 8:3 и во 44. минута беше 20:20.

Вардар повторно создаваше предност и во 54. минута беше 27:23, но противникот повторно со серија од 4:0 изедначи на 27:27 (57.минута).

Во самата завршница поумешни беа ракометарите на Вардар, кој се изборија за победата.

Најефикасни на натпреварот со по 7 голови беа Тимур Дибиров и Матјаж Брумен кај Вардар и Ренато Вугринец кај Металург.

Најдобар играч на финалето беше Алекс Душебаев од Вардар, најдобар стрелец на завршниот турнир е неговиот соиграч Матјаж Брумен, а најдобар голман Петар Ангелов исто така од Вардар.

Пехарот на капитенот Филип Лазаров му го предаде претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП