5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P ја пофали и награди Романија

S&P ја пофали и награди Романија

Standard Poors Lawsui_Angu

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Романија и го поздрави напредокот на земјата во намалувањето на долгот и буџетскиот дефицит.

„Подигнувањето на рејтингот доаѓа поради брзиот напредок на Романија кон урамнотежениот биланс на тековните плаќања, како и консолидирањето на буџетот и засилувањето на финансискиот сектор“, се наведува во соопштението на „S&P“, а пренесува Франс прес. Од таа причина агенцијата го подигна долгорочниот кредитен рејтинг на Романија од „ББ+“ на „БББ-“ и ја задржа стабилната прогноза, поради која сега Романија има сличен рејтинг како Шпанија.

Романија во 2009 и 2010 година беше погодена од тешка рецесија, но е спасена благодарение на кредитната линија која ја доби од ММФ и Европската унија во висина од 20 милијарди евра.

Романската влада во 2010 година воведе остри мерки за штедење, како што се кратење на платите за 25 проценти и подигнување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за пет процентни поени поради притисокот од огромниот буџетски дефицит.

Економијата на Романија минатата година оствари раст од 3,5 проценти, со што ги надмина очекувањата, а за оваа година си постави цел да го намали буџетскиот дефицит на 2,2 проценти, што е значајно под нивото од 7,2 проценти од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП