4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Унгарија порасна за 3,5 проценти во првиот квартал

Економијата на Унгарија порасна за 3,5 проценти во првиот квартал

ungarija1

Бруто домашниот производ (БДП) на Унгарија во првиот квартал од оваа година се зголеми за 3,5 проценти во однос на истиот период во 2013 година, соопшти Унгарскиот завод за статистика.

Во соопштението се додава дека економскиот раст во извештајниот период главно се должи на добрите резултати кои се остварени во повеќето сектори, но најголем придонес има градежниот сектор, пренесува француската агенција Ибифранс.

Од Заводот наведуваат дека и во вториот квартал очекуваат речиси исто ниво на раст, со можност за дополнително зголемување, поради се поголемите активности во градежниот сектор, кој во наредниот период всушност е и во својата поволна сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП