16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК верува дека испораките на руски гас за ЕУ нема да бидат...

ЕК верува дека испораките на руски гас за ЕУ нема да бидат прекинати

gasifikacijaskopjehbf937tg793

Испораките на руски гас за ЕУ нема да бидат прекинати додека траат преговорите меѓу Русија, Украина и Унијата, изјави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролката на Европската комисија, Пиа Хансен.

Таа нагласи дека ваква одлука е донесена на средбата во Варшава на 2 мај меѓу еврокомесарот за енергетика Гунтер Јотингер и министрите за енергетика на Русија и на Украина.

Според неа, на оваа средба бил постигнат извесен напредок, кој Москва и Киев треба да го надградат, посебно околу прашањето за цената за дистрибуцијата на гас. Таа го изрази задоволството на ЕК дека Киев веќе најавил подготвеност да ги подмири долговите кон Москва пред крајот на овој месец.

ЕК и предложи на руската страна да се одржи нова тристрана средба (ЕК, Русија и Украина) во врска со прашањата за гасот на 26 мај, но се уште се очекува одговорот од Москва.

Комисијата повторно повика испораките на гас да не се користат како политичко оружје, а сите страни да се покажат како партнери на кои може да им се верува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП