28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ЕВН Снабдување“ со евтина тарифа за малите бизнис корисници

„ЕВН Снабдување“ со евтина тарифа за малите бизнис корисници

evn snab

ЕВН Снабдување за малите бизнис корисници кои ќе излезат на слободниот пазар од 1 јануари идната година подготвува ценовни продукти со многу поволности меѓу кои и евтина тарифа на електрична енергија.

Од компанијата велат дека ако на регулираниот пазар за групата на мали бизнис корисници досега се применуваше Вториот тарифен степен низок напон, односно единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар создадени се услови да им се понуди и евтина тарифа на електрична енергија.

„ЕВН Снабдување ваквата можност ја темели на добиените резултати од извршените анализи за развојот на слободниот пазар на електрична енергија за малите бизнис потрошувачи кои ќе одлучат да излезат на слободен пазар од 01.01.2015 год. Ова значи дека покрај очекуваното намалување на цената на електричната енергија, ЕВН Снабдување помеѓу останатите, ќе понуди и ценовен продукт кој што ќе вклучува и ниска (евтина) тарифа за оваа група на потрошувачи“, изјави Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување.

Оваа новина, додаде, е дел од заложбите на ЕВН Снабдување да излезе во пресрет на специфичните барања на сите групи на потрошувачи, поаѓајќи од опциите што ги нуди слободниот пазар на електрична енергија.

„Тимовите на „ЕВН Снабдување“ веќе работат на развој на специјални понуди кои на малите и средните компании ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови“, посочи Барберу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП