2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби нарачка вредна 8 милијарди евра

Airbus доби нарачка вредна 8 милијарди евра

airbus4s46fg46gf464fga

Кинеската компанија „China Southern“ од францускиот производител на авиони „Airbus“ нарача 80 авиони од типот на А320, со вкупна каталошка цена од 7,9 милијарди евра, соопштија од компанијата „Airbus“.

Како што пренесува АФП, договорот со оваа компанија, која ја поседува најголемата флота во Кина опфаќа купување на 30 авиони од типот „А320“ и 50 авиони од типот „А320neo“, кои се опремени со нов поекономичен мотор, се прецизира во соопштението на француската групација со седиште во Тулуз.

Се очекува испораката на авиони да започне при крајот на оваа година, а комплетно да биде финиширана на крајот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП