3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСарачини: Фирмите да не се регистрираат на домашна адреса е само иницијатива

Сарачини: Фирмите да не се регистрираат на домашна адреса е само иницијатива

saracini6_mikrofoniu7hy8t8t

Предлогот фирмите да не можат да се регистрираат на домашна адреса е само иницијатива која произлезе од тоа што во последно време се прави злоупотреба на повратот на ДДВ, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

Одговарајќи на новинарско прашање, Сарачини нагласи дека допрва треба да се слушнат сугестиите од компаниите и стопанските комори за потоа да се одлучи дали има потреба од измени на Законот за трговски друштва.

„Тоа е само предлог законско решение поставено на веб страната ener.com.mk и да се слушнат сугестиите од компаниите и стопанските комори. Се уште не е пратен законот во владина процедура. Треба да се одржи јавна дебата, да се слушнат стопанствениците за да можеме да донесеме заклучок дали има или не потреба од измени и дополнувања на Законот за трговски друштва“, изјави Сарачини по средбата со домашните и странските инвеститори.

Тој нагласи дека иницијативата произлегла од тоа што во последно време е забележано дека се прави злоупотреба на повратот на ДДВ.

„Многу компании имаат иста адреса со местото на живеење. Се случува управител или директор на некоја копанија која е регистрирана на домашна адреса многу често за набавка на персонални средства да бара поврат на ДДВ. Тоа е злоупотреба на повратот на ДДВ и затоа сакаме да го стопираме тоа. Но, во ниту еден случај нема да дозволиме да трпи малиот бизнис поради едно вакво законско решение“, потенцира министерот Сарачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП