Француската економија повторно се соочи со намалување на бројот на вработените во првиот квартал од оваа година, кога во пазарниот сектор се затворени 23,600 работни места (-0,1 проценти), соопшти Националниот институт за статистика ИНСЕЕ.

Како што пренесува агенцијата АФП, сите сектори се погодени, но најголем број на работни места се затворени во категоријата привремено вработени лица.
А за период од една година, затворени се 57,200 работни места (-0,4 проценти), и покрај благиот раст на вработеноста во четвртиот квартал минатата година.