5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци: Останувам оптимистичен, постојат знаци на закрепнување

Ренци: Останувам оптимистичен, постојат знаци на закрепнување

X

Италијанскиот премиер Матео Ренци вели дека се забележуваат знаци на закрепнување, и покрај новите податоци кои укажуваат на забавување на БДП на оваа земја во првиот квартал.

„Останувам оптимистичен. Не велиме дека кризата е готова, туку дека се присутни знаци на закрепнување“, изјави Ренци, пренесува агенцијата Франс прес.

Ренци вели дека негативниот економски раст на Италија од првиот квартал од 0,1 проценти, кој предизвика слабеење на акциите на берзата, говори дека е потребно да се забрзаат неопходните мерки за закрепнување“.

Во Италија, според зборовите на премиерот, веќе се отворени нови работни места, бројот на хипотекарни кредити расте, а индустриското производство забрзува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП