Германскиот софтверски гигант „SAP“ има намера да укине помеѓу 1.500 и 2.500 работни места поради се поголемата популарност на „cloud-comuputing“, што значи дека им се потребни помалку работници на лице место.
„SAP“, кој вкупно има околу 67.000 вработени ширум светот, потврди дека ќе следуваат откази, но одби да утврди колку точно.
„Бројот се уште дефинитивно не е потврден, затоа што се анализира кои работни места се преклопуваат или се непотребни“, изјави за „Reuters“ извор кој е запознаен со ситуацијата, додавајќи дека отказите може да бидат во сите региони и области.
Меѓутоа, „SAP“ исто така палнира да отвори околу 3.000 нови работни места во текот на оваа година, што значи бројот на вработени во компанијата ќе биде зголемен.
Причина за тоа е ширењето на „cloud-computing“, се популарните услуги меѓу големите компании, кои наместо да купуваат свои, се потпираат на технолошката опрема и софтвер кои се во сопственост на компаниите, како што се „Amazon“, „Google“ и „SAP“. На тој начин, тие многу заштедуваат на трошоци.