23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасилува германската машинерија

Засилува германската машинерија

15496760805334453f262a7352099710_640x427

Германија, како најголема европска  економија, зема замав во првите три месеци од 2014 година, благодарение на што оствари раст од 0,8 проценти.

Најновите статистички податоци укажуваат на забрзување на економскиот раст во однос на претходниот квартал кога растот на бруто домашниот производ (БДП) беше 0,4 проценти, се наведува во соопштението на германската канцеларија за статистика Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

За забрзување на растот, според оценките на Дестатис, најмногу придонесе растечката домашна побарувачка, како и екстремно благата зима, од што корист имаа клучните сектори, пред се градежништвото.

„Приватните домаќинства и владата на почетокот на годината ја зголемиле потрошувачката, додека трендот на инвестициите исто така беше позитивен, со значителен раст на инвестициите во областа на градежништвото“, наведува Дестатис.

На годишно ниво, БДП на Германија во првиот квартал забрза за 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП