8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесување барања за субвенции во земјоделството до 31 мај

Поднесување барања за субвенции во земјоделството до 31 мај

zemjodelstvo12

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај 2014 година. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопнство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и

Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП