10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа директните странски инвестиции во Кина

Пораснаа директните странски инвестиции во Кина

china269

Директните странски инвестиции (ДСИ) во Кина во првите четири месеци од оваа година порaснаа за пет проценти, на 40,3 милијарди долари на годишно ниво, благодарение на порастот на инвестициите во соседните азиски држави, соопшти денес кинеската влада.

Само во април, ДСИ на годишно ниво се зголемиле за 3,4 проценти на 8,7 милијарди долари, додека на месечно ниво тие се намалени, наведува Министерството за трговија, пренесува агенцијата Франс прес.

„Инвестициите од големите држави и регионот во Кина го оддржаа стабилниот тренд на раст“, изјави портпаролот на Министерството Шен Данџанг.

Во периодот јануари-април, меѓу петте водечки инвеститори биле Сингапур, Тајван, Јужна Кореја, Јапонија и кинескиот специјален административен регион Хонг Конг, се вели во соопштението на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП